ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастрофален пад на австрискиот БДП

Катастрофален пад на австрискиот БДП

Бруто домашниот производ на Австрија во вториот квартал падна за 12,8 проценти, објавија во четвртокот економистите од австрискиот институт за економски истражувања (WIFO).

Ова е најголемата забележана стапка на пад на австрискиот БДП по Втората светска војна.

Речиси половина од падот е предизвикан од намалување на активностите во областите на трговија, услуги, транспорт и угостителство.

Постигнати се подобри резултати во телекомуникациите, финансиите и бизнисот со недвижнини.

Економистите очекуваат дека австриската економија оваа година ќе падне за седум проценти, а дека во 2021 година ќе закрепне по стапка од четири проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП