28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на вакцините против COVID-19 драстично ќе се разликуваат

Цените на вакцините против COVID-19 драстично ќе се разликуваат

Фармацевтската компанија Moderna планира да продава стандардна доза на вакцина против коронавирусот по цена од 50 до 60 долари, што е повеќе од цената на вакцината која ќе ја продаваат Pfizer и BioNTech, објави Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори.

Предложената цена на Moderna е повисока од 39 долари за две дози, што е сума договорена од страна на Pfizer и германскиот BioNTech, склучена со американската влада, тврди весникот, во кој се наведува дека Moderna ја држи таа цена за Соединетите Држави и „другите побогати земји“.

Американската влада и обезбеди на Moderna финансиска помош од скоро милијарда долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против COVID-19, кој досега уби околу 650.000 луѓе низ целиот свет.

Портпаролот на Moderna изјави дека компанијата разговарала со владите за потенцијално снабдување со вакцината, наречена mRNA-1273, но не даде детали за цените, „со оглед на доверливата природа на преговорите и договорите“.

Pfizer, Moderna и Merck & Co веќе најавија дека планираат да заработат пари на вакцините, додека некои производители на лекови, вклучително и Johnson & Johnson, ги објавија плановите за дистрибуирање на вакцината на непрофитна основа. Така, компанијата AstraZeneca се согласи да обезбеди 300 милиони дози вакцини во САД, по цена од четири долари по доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП