27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на Саудиска Арабија е намален за 36 проценти поради падот на...

Буџетот на Саудиска Арабија е намален за 36 проценти поради падот на цената на нафтата

Буџетскиот дефицит на Саудиска Арабија во првото полугодие оваа година изнесувало 38,2 милијарди долари (143,3 милијарди риали), пред се поради падот на цената на нафтата кој следеше по глобалната пандемија од коронавирусот.

Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека приходите од буџетот во првото полугодие се намалени за 36 проценти, на 86,9 милијарди долари, во однос на истиот период минатата година.

Приходите од нафта, главниот извор на државниот буџет во земјата, паднале за 35 проценти на 59,9 милијарди долари, пред се поради падот на цените на суровата нафта во светот.

Покрај тоа, поради престанокот на повеќето економски активности поради рестриктивните мерки против COVID-19, приходите на индустриите надвор од нафтениот сектор исто така се намалени за 37 проценти, на 27,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП