23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа половина година реализирани само 22,5% од капиталните инвестиции - уште има...

За половина година реализирани само 22,5% од капиталните инвестиции – уште има институции со 0% реализација

За половина година се реализирани само 22,5 проценти од капиталните инвестиции. Така во периодот јануари-јуни се потрошени само 72 милиони евра од предвидените 317 милиони евра, откако се скратија 68 милиони евра со ребалансот на буџетот од првичната проекција со која се планираше да се потрошат 383 милиони евра. Тоа значи дека ниту четвртина од парите наменети за изградба на патишта, училишта, амбуланти, водоводи, институциите не успеале да ги потрошат за шест месеци од годинава.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека се уште има институции кои не потрошиле ниту денар од капиталните расходи за годинава, односно имаат 0% реализација за капитални проекти. А има и такви кои реализирале испод 5 проценти од проектите планирани за годинава.

Така Собранието е со 0,56% реализација или за шест месеци потрошило само нешто помалку од 7.000 евра од планираните 1,24 милиони евра за годинава. Тука е и Државната изборна комисија со 0,03 % реализација, односно потрошило само 45 евра од планираните 173.000 евра. Секретаријатот за законодавство има чиста 0% реализација или не потрошиило ниту денар од 5.500 евра. Исто и секретаријатот за европски прашања со 0,08 % реализација, или инвестирало само 98 евра од предвидените 114.000 евра за годинава. Агенцијата за националан безбедност со 0,77% или потрошило 3.500 евра од 458.000 планирани. Бирото за регионален развој кое има 0,1% реализација, или инвестирало речиси 5.400 евра од планираните со ребалансот 5,4 милиони евра. А и Фондот за ПИОМ е со 0,12% реализација или потрошило само 585 евра од предвидените 488.000 евра.

Еспертите постојано алармираат дека реализацијата на капиталните расходи е структурен проблем кој се провлекува подолг временски период. А нереализацијата најмногу се должи на несоодветното планирање на капиталните расходи и немање на административен капацитет тие да се спроведат. Тие предупредуваа дека Корона кризата ќе ја забави реализацијата на капиталните проекти, пред се поради забавената економска активност, но Владата беше децидна дека капиталните инвестиции ќе се одвиваат без проблем.

Од поголемите министерства и институции со најголем буџет за капитални инвестиции голем дел потфрлиле со реализацијата на капиталните проекти. Па така Владата е под просекот, реализирала 15,72% или потрошила 907.000 евра од планираните 5,8 милиони евра.

Министерството за одбрана има само 5,82% реализација или инвестирало 1 милион од предвидените 18,7 милиони евра. Кај МВР реализацијата е 8,84% или потрошило 1,6 милиони евра од планираните 13,8 милиони евра за годинава. Дирекцијата за нафта која имала на располагање до крајот на годината 17,8 милиони евра потрошила само 292.000 евра и има само 1,64% реализација. Министерството за труд има 18,62% или потрошило 3,6 милиони евра од предвидените 19,4 милиони евра.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП