5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 188 заразени со Ковид - 19, 268 оздравени и петмина починати

Нови 188 заразени со Ковид – 19, 268 оздравени и петмина починати

Нови 188 случаи на заболени од КОВИД 19 се регистрирани во изминатите 24 часа. оздравени се 268 пациенти, а починати се пет лица од кои четворица во болнички услови, а еден во домашни услови.

Најстариот починат пациент има 78 години и е од Куманово, а најмладиот 61 година од Тетово. Останатите имаат 74 години, 76 и 62 години и се од Битола, Тетово и Скопје.

Најголем број на новозаболени повторно има во Скопје – 44, по што следуваат Тетово со 24, Гостивар со 23, Куманово и Струга со 21, Штип со 18 и Кичево со 10. Во Охрид има шест новозаболени, во Битола пет, во Македонски Брод тројца и по двајца во Неготино и Пробиштип, По еден новозаболен има во Дебар, Велес, Крива паланка, Кочани, Демир Хисар и Ресен.

Според поадтоците на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10503,  бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476. Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096. Најмногу активни случаи има во Скопје.

Во изминатите 24 часа направени се 1971 тестирања, а вкупната бројка на направени тестирања е 99615 тестирања.  Денеска нема тестирања во рамки на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП