18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ купува ограничена залиха на ремдесивир, бара повеќе

ЕУ купува ограничена залиха на ремдесивир, бара повеќе

Европската комисија во средата објави дека се договорила да купи ограничени залихи со “ремдесивир”, лек против COVID-19, со американскиот производител на лекови Gilead за да ги задоволи краткорочните потреби на европските пациенти и се надева дека ќе успее да нарача повеќе подоцна.

Ремдесивир е единствениот лек досега одобрен во ЕУ за употреба против COVID-19, но скоро сите расположиви резерви веќе ги купиле Соединетите Држави.

Европската комисија се согласила да плати 63 милиони евра за да купи доволно дози за лекување на околу 30.000 пациенти, се вели во соопштението.

Соединетите држави во јуни потпишаа договор со Gilead за повеќе од 500.000 третмани за лечење, што сочинува најголем дел од производството до септември.

Комисијата соопшти дека набавката ќе ги „реши само тековните потреби“ и додаде дека веќе работи на обезбедување нови дози од октомври.

Се чини дека е платена сума од 2.340 амерички долари по пациент, за што Gilead изјави дека ќе наплаќа во побогатите земји.

Врвот на пандемијата од COVID-19 во повеќето европски земји помина, меѓутоа новиот бран во последниве денови ги натера земјите да ги воведат ограничувањата.

Иако бројот на хоспитализации во Европа е во пораст, тој останува далеку под бројките во март и април, кога многу болници беа преполни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП