24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција од 1 август отворена за крузерите

Грција од 1 август отворена за крузерите

Почетокот на август во Грција носи отворање на пристаништата за крузери, на кои ќе им се овозможи да се прикотват на пристаништата во Пиреја, Родос, Ираклион, Волос, Крф и Катаколо, пренесува „Катимерини“.

После тоа, како што беше најавено, ќе можат да го посетат секое грчко пристаниште, доколку планираат да го сторат тоа, објасни министерот за туризам, Харис Теокарис.

Сепак, се потенцира дека одлуката би можело повторно да се преиспита, во зависност од тековните епидемиолошки податоци.

Теокарис изјави дека за време на крстарењето, ќе мора да се следат сите здравствени и безбедносни протоколи пропишани од Европската унија поради коронавирусот.

Тој исто така изјави дека според податоците на туристичките агенции, постои интерес за вакви патувања во земји како Соединетите Држави, Русија и Израел.

Туризмот во Грција вработува околу 700.000 луѓе и претставува околу 20 проценти од економскиот приход во таа земја, па затоа е клучен за нејзиното закрепнување.

Минатата година во Грција имало околу 33 милиони туристи, кои донеле приход од 19 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП