27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУчилиште во Мелбурн е мета на критики поради барањето маските да одговараат...

Училиште во Мелбурн е мета на критики поради барањето маските да одговараат на униформата

Приватно училиште во Мелбурн е критикувано поради воведување на упатства кои бараат од учениците да носат маски во бои кои одговараат на училишната униформа, пренесува британски Guardian.

Училиштето Lighthouse Christian College им соопштило на учениците дека мора да се придржуваат кон специфични упатства за маски во училиштата, се вели во видеото, кое минатата недела го споделуваа родители на ученици преку социјалните медиуми.

Училиштето подоцна соопштило дека нема да ги спречи учениците да носат маски кои не ги исполнуваат правилата.

Како што првично рекоа од училиштето, маските мора да бидат сиви, сини, црни или бели, не смеат да имаат дезени или шари, а исто така не се дозволени никакви шалови или марами.

Родителите велат дека оваа училишна политика „ги принудува децата да користат маски за еднократна употреба доколку немаат ресурси дома или не можат да најдат ткаенина со соодветна боја“.

Директорот на училиштето изјави дека училиштето е посветено на обезбедување на највисоки безбедносни стандарди и дека има „само упатства“.

Од минатиот четврток, маските се задолжителни низ Мелбурн за да се изборат со влошената криза од коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП