26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на бројот на заразени во Кина

Раст на бројот на заразени во Кина

Кина забележа раст на бројот на нови случаи на зараза со коронавирус веќе четврти ден по ред.

Кинеските здравствени власти во вторникот соопштија дека претходниот ден се забележани 68 нови случаи на зараза со коронавирус. Со тоа, бројот на новозаразени во Кина се зголемува четврти ден по ред.

Од новите случаеви, 57 се забележани во Ксинџијанг, се вели во соопштението на Националната комисија за здравство.

Сакајќи да се запре новата епидемија, властите тестираа милиони луѓе на COVID-19, но вирусот веќе се шири.

До понеделник, во Кина вкупно се потврдени 83.959 случаи на зараза, соопштија здравствените власти. Бројот на умрени од COVID-19 и понатаму е 4.634.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП