26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве земји се здружија против „Северен тек 2“

Две земји се здружија против „Северен тек 2“

Украина и Полска се договорија заеднички да превземат чекори со цел да ја спречат реализацијата на рускиот проект „Северен тек 2“.

Тоа гo пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.

Според зборовите на преставникот на Министерството, за време на посетата на шефот на украинската дипломатија, Димитри Кулеба на Варшава, двете страни дискутирале за соработка во енергетскиот сектор и во важната улога која двете земји ја имаат во осигурувањето на енергетска безбедноста на Европа.

Министерството исто така истакна дека двете држави и натаму развиваат трилетарен меморандум меѓу Украина, Полска и САД за соработка во енергетскиот сектор со цел диверзификација на изворите на енергија.

Претставниците на Полска и Украина посебно го нагласиле рускиот проект „Северен ток 2“ дека претставува закана за безбедноста на Европа во енергетскиот сектор и се договориле за спречување на неговата реализација.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два краци на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото море, па до Германија. Целиот гасовод се гради покрај веќе постоечкиот „Северен тек“.

Потсетуваме, американскиот Стејт департмент ги вклучи „Северен тек 2“ и „Турски тек“ во проекти на кои мора да им бидат воведени санкции. Според зборовите на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на проектите ќе им бидат воведени ограничувачки мерки кои се предвидени во законот „Во битката против американските противници преку санкции“ (CAATSA).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП