26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика подготвува план за обнова: Предлогот на републиканците "тежок" трилион долари

Америка подготвува план за обнова: Предлогот на републиканците “тежок” трилион долари

Републиканците предложија да се потрошат дополнителни трилион долари за санација на економската штета настаната поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот. Планот вклучува 100 милиони долари за училиштата и стимулативни исплати од 1.200 долари на голем број Американци, пишува BBC.

Според тој план, таа исплата ќе го замени зголемувањето од 600 долари за придонеси кои се плаќаат на невработените за време на пандемијата.

Овој предлог претставува нов чекор во преговорите со демократите, кои го окарактеризираа како целосно несоодветен.

САД веќе потрошија 2,4 трилиони долари за мерки за ублажување, испраќајќи милијарди долари помош за бизнисите и индивидуалните домаќинства. Меѓутоа, економистите предупредуваат дека на пролет таа помош ќе биде уште попотребна.

Сенаторот Мич Меконел изјави дека републиканците сакаат да видат како функционираат постојните програми, па сега тие претставија редизајниран и насочен нацрт за решавање на економскиот пад.

Со тој предлог надоместокот од 600 долари за невработени ќе се намали на 200 долари, сметајќи дека сегашната сума ги обесхрабрува работниците да се вратат на работа, затоа што она што тие го добиваат е за повеќе од она што би го заработиле доколку имаат работа.

Меконел оцени дека републиканците сакаат да продолжат да исплаќаат додаток за невработени, кој истекува оваа недела.

„Меѓутоа, тоа мораме да го сториме на начин кој не го забавува повторното отворање“, изјави Меконел.

Покрај парите за директни исплати на семејствата и за помош на училиштата, републиканците рекоа дека сакаат да донесат закони кој ќе ги штитат компаниите од лажни тврдења на работниците дека имаат коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП