21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците лојални на готовината - Во секој момент дома повеќе од 1.000...

Германците лојални на готовината – Во секој момент дома повеќе од 1.000 евра

Во просек, луѓето во Германија чуваат повеќе од 1.000 евра во готово дома или во сеф.

Во оваа земја, луѓето се држат до банкнотите и монетите и покрај системите за дигитални плаќања. Според истражувањето на Bundesbank, Германците имаат во просек 107 евра во својот паричник, а 1.364 евра во готовина дома или во сефови, пренесува n-tv.

Истражувањето спроведено меѓу 2.000 лица во 2018 година, чии резултати се сега објавени, не покажуваат дали однесувањето на луѓето се сменило во корона кризата. Немало следење.

Во меѓувреме, готовината се смета за безбедно засолниште во бурни времиња. Според податоците на централната банка, побарувачката за банкноти и монети значително се зголемила, особено на почетокот на кризата во Германија во март. Соодветно на тоа, дошло и до мало зголемување на нето-издавањето на готовина во наредните месеци. Меѓутоа, податоците не укажуваат ништо за причините за тоа.

Според студијата објавена во најновиот месечен извештај на Bundesbank, заштедените средства биле многу нерамномерно распределени меѓу населението.

„Постарите луѓе, вработените со повисоки плати и самовработените во просек чуваат најголеми износи“, се вели во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП