28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот гувернер: За Хрватска е добро да воведе евро

Хрватскиот гувернер: За Хрватска е добро да воведе евро

За Хрватска, и во услови на криза, како што е пандемија, и во нормални времиња, придобивката од воведувањето на еврото е многу пати поголемо од трошоците, изјави гувернерот на хрватската народна банка Борис Вујчиќ.

По повод влегувањето на Хрватска во курсниот механизм на девизниот курс ERM II или „просторијата за чекање за еврото“ кое ќе и овозможи на Хрватска воведување на евро, тој изјави дека во тој механизам земјата ќе мора да помине најмалку две години и да ги исполни формалните услови кои се однесуваат на буџетскиот дефицит, јавниот долг, нивото на инфлацијата и каматните стапки, како и стабилноста на девизниот курс.

Првиот можен момент за проверка на Хрватска е средината на 2022 година, а одлуката за воведување на еврото би можела да се донесе најрано на 1 јануари 2023 година, изјави хрватскиот гувернер.

Во тековните времиња на криза, придобивките се исклучително големи, затоа што значи сигурен пристап до извори на финансирање под поволни услови кои ги обезбедува Европската централна банка и дополнително можност за финансирање од Европскиот механизам за стабилизација (ESM), изјави тој.

„Згора на тоа, придобивката која често се заборава, а која е многу важна, е што земјите кои имаат заедничка валута не можат да имаат проблем со валутна криза, која е особено опасна за земјите со високо ниво на долг во странска валута“, оцени тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП