26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната клима во Германија се подобри во јули трет месец по ред

Деловната клима во Германија се подобри во јули трет месец по ред

Германската деловна клима се подобри во јули трети месец по ред, бидејќи најголемата европска економија презеде посилен чекор од очекуваното, покажува извештајот на германскиот институт Ifo. 

Индексот за деловна клима, кој го изработува институтот за економски истражувања, врз основа на анкета на околу 9,000 германски компании, во јули од претходниот месец се зголеми за 4,2 поени на 90,5 поени, според последниот извештај.

Аналитичарите предвидуваа поскромен раст, на 89,3 поени. Вредностите под 100 поени укажуваат на негативен изглед.

Податоците за јули покажуваат дека индексот за деловна клима во најголемата европска економија се зголемил трет месец по ред, откако во април падна на рекордно ниско ниво од 74,3 поени од почетокот на собирање на податоци во Ifo.

„Компаниите беа многу позадоволни со својата моментална деловна состојба. Исто така се претпазливи оптимисти за следните месеци“, изјави претседателот на институтот Ifo, Клименс Фуест.

„Германската економија закрепнува чекор по чекор“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП