20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Taycan“ не ги исполни очекувањата на „Porsche“

„Taycan“ не ги исполни очекувањата на „Porsche“

Германскиот производител на автомобили, „Porsche“, го објави својот извештај за продажба на своите модели во првите 6 месеци од годината. Како и кај другите производители, пад има и поради пандемијата на коронавиусот.

Големото разочарување за производителот од Штутгарт е, сепак, презентацијата на првиот електричен автомобил на брендот – „Taycan“, од кои за овој период со продадени само 4.480 единици.

Глобалната продажба на „Porsche“ за првата половина од годината достигна 116.964 автомобили, што е за 12% помалку од истиот период во 2019-та година. Најпопуларен модел на марката останува кросоверот „Cayenne“, од кој беа купени 39.245 автомобили за првите 6 месеци од годината. Веднаш после тоа се рангира „Macan“ со 34.430 единици. Култното спортско купе „911“ забележа раст од 2% со 16.919 продадени единици.

Сепак, резултатите на „Porsche Taycan“ се далеку од она што го предвидуваше компанијата. Според плановите на раководството, фабриката во Зафенхаузен треба да произведува 20.000 единици годишно, а по првичниот сериозен интерес за електричниот автомобил во план беше овој број да биде удвоен. И тоа значеше дека „Taycan“ мораше да стане најпопуларен модел на брендот, и со продадени 40.000 возила да ги престигне „Cayenne“ и „Macan“.

„Porsche“ се обиде да го зголеми интересот за автомобилот со неколку рекламни кампањи, но очигледно оваа стратегија не успеа. Не помогна ниту лансирањето на поприфатливите верзии, бидејќи првично „Taycan“ беше достапен само во најмоќните и соодветно најскапите модификации – „Turbo“ и „Turbo S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП