23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го отфрли предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г-7

Германија го отфрли предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г-7

Германија го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да го покани неговиот руски колега Владимир Путин да се врати во групата на седумте најразвиени економии (Г-7). Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервјуто пренесено од „Reuters“.

Минатиот месец Трамп предложи Русија да биде вратена откако беше протерана во 2014-та година поради анекцијата на Украина на полуостровот Крим.

Мас изјави за „Rheinische Post“ дека не гледа шанса Москва да се врати во Г-7 сè додека не се постигне значителен напредок во решавањето на конфликтот на полуостровот Крим, како и во источна Украина.

„Самата Русија може да даде најголем придонес во нејзиното враќање во Г-7 со придонес кон мирно решение за украинскиот конфликт“, рече Мас.

Русија сè уште е дел од Г-20, поширок формат на состаноци што вклучува некои нови економии.

„Г-7 и Г-20 се два високо координирани формати. Не ни требаат Г-11 или Г-12 повеќе“, рече Мас како одговор на предлогот на Трамп да ја покани не само Русија, туку и други земји во Г-7.

Мас ги опиша односите со Русија како „моментално тешки“ во многу области. „Но, ние исто така знаеме дека ни е потребна Русија за решавање на конфликтите како оние во Сирија, Либија и Украина. Не треба да работиме против Русија, туку само со Русија“, рече дипломатот број еден на Берлин.

Германија, која го презеде ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ на 1-ви јули, се држи до својата улога како посредник во конфликтите во Либија, како и во Украина.

„Но, Русија исто така мора да го даде својот придонес, што е многу бавен во Украина“, рече Мас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП