26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем чекор кон опоравување на туризмот: Заплови првиот крузер по карантините

Голем чекор кон опоравување на туризмот: Заплови првиот крузер по карантините

Туристички крузер исплови во петокот од германско пристаниште, прв пат откако пандемијата со коронавирусот нанесе голем удар на индустријата со крстарења.

„Mein Schiff 2“ со кој управува туристичкиот гигант „Tui“, исплови од сверното пристаниште во Хамбург на тридневно патување по Северното море.

На бродот има околу 1.200 патници, додека вообичаениот капацитет изнесува 2.900 луѓе.

Компанијата објави дека и било дозволено на бродот да има 1.740 патници, но таа квота не била постигната.

Се очекува патниците викендот да го поминат на море без застанување на копно, пред да се вратат во Хамбург во понеделник наутро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП