5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault-Nissan инвестира 2,5 милијарди долари во Индија

Renault-Nissan инвестира 2,5 милијарди долари во Индија

nissanrenault1

Алијансата „Renault-Nissan“ во наредните четири години планира да инвестира 2,5 милијарди долари во Индија.

Оваа вест ја објави „Wall Street Journal“, повикувајќи се на информациите од шефот на овој производител на автомобили Карлос Гон.

Компанијата настојува значително да го зголеми обемот на продажба во Индија и за таа цел има намера да пласира два нови модели на автомобили кои ќе бидат произведени во локалните фабрики.

Гон изјави дека овие автомобили кои ќе бидат развиени во Индија, исто така ќе можат да се извезуваат и на останатите брзорастечки пазари, како што е Кина, Русија, Јужна Африка и Бразил.

Покрај тоа, објавено е дека од Управата на „Renault-Nissan“ очекуваат оваа година нивниот удел на индискиот пазар да достигне пет проценти, и дека во наредните години ќе се зголеми на 15 проценти.

Алијансата „Renault-Nissan“ е формирана во 1999 година од страна на француската корпорација „Renault“ и јапонскиот производител на автомобили „Nissan“.

Таа е еден од најголемите светски играчи на светскиот автомобилски пазар, присутна е во САД, Европа, Јапонија, Кина, Индија и Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП