26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрвото, а не златото, може да биде следното омилено прибежиште на инвеститорите...

Дрвото, а не златото, може да биде следното омилено прибежиште на инвеститорите (ИНФОГРАФИК)

Наспроти позадината на тешкaта состојба во економија поради пандемијата, но и новата ескалација на кинеско-американските тензии, инвеститорите се свртуваат кон благородните медали, но може да се насочат кон уште едно засолниште на своите инвестиции – дрвото.

Цената на фјучерсите на дрвото се зголеми двојно од почетокот на април и е најдобро остварување на водечките производи во оваа година. Изненадувачки, тоа е дури и пред златото и среброто – традиционалните суровини за прибежиште, објави „Bloomberg“.

Блокадите се очекува да го намалат интересот за градежништво, а со тоа и за градежните материјали. Но, северноамериканците затворени дома решија да ги потрошат своите пари на поправки, точно кога беше намалено производството со што се забележа пад во снабдувањето.

За време на тргувањето во САД во петокот, цената на дрвото достигна 541,4 долари, што претставува раст од над 3,6%. Тековните вредности се исто така највисоки во најмалку две години.

Сепак, треба да се забележи дека дрвото чини многу помалку од златото и повеќето други метали и исто така е склоно кон нестабилност. Според производителите, како што е „Canfor Corp.“ сепак, побарувачката ќе остане голема, а растот на цените ќе продолжи и наесен.

„Домашната побарувачка беше многу поголема во споредба со очекувањата на било кој“, рече извршниот директор на „Canfor“, Дон Кејн, додека ги презентираше кварталните резултати на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП