25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа новата „Opel Astra“?

Како ќе изгледа новата „Opel Astra“?

Минатата година, „Opel“ сериозно го надогради еден од најпопуларните модели, „Astra“, а промените влијаеа, како на изгледот на автомобилот, така и на гамата на мотори. Во 2021-ва година, сепак, треба да биде претставена новата генерација, која веќе е развиена по спојувањето меѓу „Opel“ и француската групација „РЅА“.

Идната „Astra“ ќе добие комплетно нова платформа, што ќе ја направи „роднина“ со моделите „Peugeot“ и „Citroen“. Точно кој дизајн ќе се користи не е познат, но очигледно е дека моделот ќе претрпи големи промени во дизајнот. Тој ќе биде во новиот стил на брендот – „Vizor“, кој беше претставен на редизајнираната генерација на „Mokka“, а прикажана претходно во оваа година.

Токму овие измени ги натера дизајнерите на „Motor1“ да се обидат да предвидат како ќе изгледа новата „Astra“. Тие го вградија „Vizor“ во хечбекот со 5 врати и го вградија предниот браник на „Mokka“. Други надворешни елементи се позајмени од новата генерација „Corsa“, која исто така беше развиена под контрола на „РЅА“.

Што се однесува до техничките детали, тие зависат од користената архитектура. Според најголема веројатност, „Astra“ ќе биде достапна и како целосно електричен автомобил (како и со споменатите „Mokka“ и „Corsa“), и сигурно ќе има хибридни верзии што ги потврди и раководството на „Opel“.

Традиционалните основни мотори ќе бидат 1.2-литарски бензински турбо мотор кој развива до 130 кѕ и 1.5-литарски дизел (до 120 кѕ), но ќе се користи и поголемиот 2.0-литарски мотор. Продажбата на новата „Astra“ е предвидено да започне во 2021-ва година, така што моделот може да биде претставен пред публиката до крајот на 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП