26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачите во Еврозоната почнаа да трошат пари

Потрошувачите во Еврозоната почнаа да трошат пари

Деловната активност во еврозоната се врати на раст во јули со отворање на сè повеќе економски сектори кои беа затворени како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, а исто така и затоа што потрошувачите кои полека се враќаат на работните места, почнаа да трошат пари.

Индексот на композитни менаџери за набавки (PMI) пресметан од лондонската компанија „IHS Markit“, а кој важи за добар показател за економското здравје, скокна на 54,8 поени во јули од 48,5 поени во јуни, што е највисоко ниво од средината на 2018-та година, пренесува „Reuters“.

„Компаниите ширум еврозоната објавија охрабрувачки почеток од третиот квартал, при што производството расте најбрзо за нешто повеќе од две години во јули, бидејќи ограничувањата продолжуваат да се олеснуваат и економиите се отвораат“, рече Крис Вилијамсон, главен економист во „IHS Markit“.

Овој главен индекс на „PMI“ е под линијата од 50 поени, што го одделува растот од опаѓање на деловната активност, од март, па неговото враќање на позитивна територија ќе ги воодушеви креаторите на политиките и владите кои „ископаа“ илјадници милијарди евра во економијата, проценува „Reuters“.

Индексот на нови договорени работни места се искачи на 52,7 поени од 47 поени во јуни, највисоко ниво од октомври 2018-та година, што сугерира дека закрепнувањето би можело да продолжи и во август, иако постојат стравувања од можен прекин на овој позитивен тренд доколку има понатаму отпуштања и доколку остануваат во сила рестриктивните мерки.

Индексот „PMI“ на индустријата за услуги, доминантен во блокот од 19 држави, кој беше најтешко погоден од економските заклучувања, се искачи на 55,1 поен во јули од 48,3 поени во јуни.

Преработувачката индустрија, исто така, се врати на раст, при што „PMI“ напредуваше на 51,1 поен во јули од 47,4 поени минатиот месец, за прв пат да ја сруши границата од 50 поени од јануари 2019-та година.

Индексот со кој се мери производството и влегува во Композитен „PMI“, скокна на 54 поени од претходните 48.9.

Нагорниот тренд во производството делумно се должи на зголемувањето на новите нарачки за извоз, вклучително и трговијата меѓу земјите што користат еврото. Тој индекс се искачи на 51,9 од 43,1 поени, најмногу од август 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП