Вкупниот број на заразени со коронавирус во САД надмина четири милиони, доцна синоќа објави американскиот универзитет Џонс Хопкинс.
Во САД, за 24 часа се регистрирани 76.500 заразени со коронавирус.
Во текот на вчерашниот ден од COVID-19 умреле 1.225 луѓе.
САД, кои се најпогодени од коронавирусот во светот, веќе десет дена имаат над 60.000 луѓе заразени дневно.