8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоранешниот потпретседател на Tesla Motors преминува во хрватскиот Rimac Automobili

Поранешниот потпретседател на Tesla Motors преминува во хрватскиот Rimac Automobili

Rimac Automobili го назначи Крис Порит, поранешен главен инженер на Aston Martin, потпретседател на инженерството во компанијата Tesla и шеф на групата за специјални проекти во Apple, за главен директор за технологија, се вели во соопштението на компанијата.

Во текот на кариерата подолга од три децении, Порит го надгледува развојот на спортски и електрични возила, а за време на своите 16 години во Aston Martin е главен инженер за ограничено производство на хиперавтомобилите „One-77“ и „V12 Vantage Zagato“.

На позицијата потпретседател на инженерството во Tesla дојде во 2013 година, по што се пресели во Apple каде има водечка улога во групата за специјални проекти за развој на нови производи.

“Крис се вклопува тука. Го делиме истиот начин на размислување, сакаме да развиваме автомобили кои се забавни и со одличен квалитет. Не можам да дочекам да видам што можеме да создадеме заедно”, изјави основачот и извршен директор на Rimac Automobile, Мате Римац.

Порит изјави дека можноста да се приклучи на компанијата Rimac Automobili е „сон на секој инженер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП