27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската министерка побара од Airbus да зачува што е можно повеќе работни...

Француската министерка побара од Airbus да зачува што е можно повеќе работни места

Француската министерка за економија, Агнес Паниер-Рунахер го повика производителот на авиони Airbus да заштити што е можно повеќе работни места, ставајќи ја компанијата под притисок во обид да избегне присилно намалување на бројот на работни места.

Истакна дека Airbus треба да користи 15 милијарди евра вреден француски пакет државна помош наменет за заштита на работните места во воздухопловната индустрија.

„Ја повикувам Airbus и компаниите со големи нарачки да ја исполнат својата одговорност, имено внатре во своите компании да се обидат да најдат што е можно повеќе решенија и механизми (за спас на работните места)“, изјави Пание-Рунахер.

Airbus планира да укине до 15.000 работни места поради падот на побарувачката среде кризата поради коронавирус. Компанијата одби да го исклучи присилното кратење, но понуди да заштеди 3.000 работни места во замена за француска и германска поддршка и помош во истражување.

Претходно во четвртокот, илјадници шпански вработени во Airbus протестираа пред фабриката во близина на Мадрид поради укинувањата на работните места, мавтајќи со транспаренти и пеејќи низ маски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП