20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Борбата со вирусот до средината на 2021 година, се плашам од...

Џонсон: Борбата со вирусот до средината на 2021 година, се плашам од втор бран

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека верува земјата би можела да се справи со новата криза од коронавирус до средината на 2021 година, но дека се плаши дека ќе има и уште еден бран, пренесува Reuters.

“Од каде и да дојде … лилјак, панголин или од каде и да е, тоа е многу, многу грда и опасна работа за човештвото. Мислам дека до средината на следната година ќе можеме да кажеме дека тоа е зад нас”, изјави Џонсон на прес конференција.

Говорејќи за првата година од својот мандат како премиер на Велика Британија, Џонсон изјави дека искуството покажало дека владата мора да работи побрзо и да биде поодговорна спрема потребите на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП