17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата од коронавирус го зголеми јавниот долг на ЕУ

Пандемијата од коронавирус го зголеми јавниот долг на ЕУ

Заклучувањето на економијата и ширењето на пандемијата го зголеми јавниот долг на Еврозоната и Европската унија за приближно два процентни поени, и тоа на Еврозоната на 86,3 проценти, а ЕУ на 79,5 проценти од БДП во првиот квартал на 2020 година.

Обемот на долгот кон БДП порасна во 24 од 27 земји членки на ЕУ, најмногу во Белгија, за скоро шест процентни поени, Финска околу пет, Словенија, Шпанија и Франција повеќе од три. Хрватскиот јавен долг е поголем еден процентен поен во однос на последниот квартал од 2019 година, а само Литванија, Данска и Бугарија се раздолжуваа.

Хрватска во последниве години успешно го намали својот јавен долг, но короната го врати овој тренд на ниво на долг од приближно 74 проценти од БДП.

Хрватска е најзадолжена транзициска членка на ЕУ, пред Словенија и Унгарија, додека во сите други посткомунистички членки јавниот долг е под 50 проценти од БДП, а најмалку задолжена е Бугарија, која исто така тропа на вратата на еврозоната, околу 20 проценти.

Највисоки нивоа на државен долг се во Грција (176 проценти), Италија (137 проценти), Португалија (120 проценти), Белгија (104 проценти) и Франција (101 процент), а најниско во Естонија (9 проценти) и Бугарија (20 проценти).

Висината на јавниот долг и дефицитите на буџетот во моментов се издвоени за да се обезбедат средства за стабилизирање на економските текови, но Хрватска веќе следната година ќе мора да ги затегне сопирачките и да започне со намалување на јавниот долг за една дваесеттина од разликата помеѓу сегашното ниво на јавниот долг и посакуваните 60 проценти. ако сака да воведе евро, се наведува во весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП