22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапирање на Турскиот тек: Сакаат да ја намалат зависноста од рускиот гас

Запирање на Турскиот тек: Сакаат да ја намалат зависноста од рускиот гас

За прв пат по 20 години, Турција веројатно нема да увезува руски гас и тоа најмалку две недели, затоа што се обидува да ја намали зависноста од него.

Според турската државна компанија Ботас, која ја наведува Interfax, гасоводот „Турски тек“ ќе биде целосно затворен на 27 јули. Ботас е купувач на целата испорака на гас по тој пат, кој беше пуштен во употреба во јануари оваа година.

Гасоводот ќе биде затворен до средината на август, поради поправки и реновирање. Беше затворен и минатиот месец, поради планираното одржување.

Уште еден гасовод од Русија кон Турција – Синиот тек, исто така е затворен уште од мај, иако според планот требаше да биде затворен само неколку недели.

Така, Турција увезува 70 проценти помалку гас од Русија во однос на јули минатата година, туркајќи го рускиот Gazprom на списокот на најголеми турски снабдувачи на гас зад Азербејџан и Иран.

Турција, исто така, го замени делот од рускиот гас со течен природен гас откако му паднаа цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП