2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford“ го покажа „Mustang Mach-E“ со 7 електрични мотори (ВИДЕО)

„Ford“ го покажа „Mustang Mach-E“ со 7 електрични мотори (ВИДЕО)

„Ford Performance“ и „RTR Vehicles“ ја претставија „електричната ракета на патот“ – прототипот „Mustang Mach-E 1400“, кој е базиран на уличната верзија на „Mach-E GT“.

„Тотално лудиот“ спортски автомобил е опремен со 7 електрични мотори кои развиваат вкупно 1.419 коњски сили (1400 КС, од каде е и името). Не помалку извонредна е силата на компресија – со брзина од 257,5 км на час достигнува 1.043 килограми.

Во овој автомобил, од обичниот „Mach-E“ ги има превземено предните светла и решетката на ладилникот кои се скоро непроменети. Другите компоненти се оптимизирани за подобра аеродинамика со акцент на воздушните канали за ладење. Крилата се проширени, инсталиран е сплитер, странични престилки и масивно антикрило.

Капацитетот на батеријата „NMC“ е изненадувачки низок – 56,8 kWh (серискиот „Mach-E“ користи батерии од 75,7 и 98,8 kWh). Единицата се лади при полнење со употреба на диелектрична течност. Полнењето на батериите е олеснето со поставките за серво сопирањето, „ABS“ и „ESP“.

„Ford“ ги споредува седумте електрични мотори со палачинки, бидејќи тие се рамни. Три се поставени на предната страна, четири на задната оска. Секоја од двете врски е обединета со вратило, која го насочува вртежниот момент кон диференцијалот на соодветната оска, а од таму до тркалата. Системот и менувачката брзина на прототипот можат да се прилагодат во широк опсег, менувајќи го типот на погонот (преден, заден, погон на четири тркала), агол на девијација на предните тркала, конфигурација на управувачките шипки, распределување на вртежениот момент на оските и слично. „Mach-E 1400“ има „Brembo“ сопирачки, како „Mustang GT4“.

Во кабината има безбедносен кафез. Задните седишта не се отстранети, туку се заменуваат со „Recaro“, исто како и предните. Новата табла за дигитална телеметрија е дело на „RTR“. Зачуван е џиновскиот 15,5-инчен дисплеј, очигледно за имиџ.

„Ford“ и „RTR“ тврдат дека работата на прототипот траела 10.000 часа (416,5 дена). Тоа е еднократен проект, односно нема да има втор ваков автомобил. „Mustang Mach-E 1400“ ќе дебитира за време на сериите„ NASCAR“ и ќе служи како тест модел за нови материјали и технологии во иднина. На пример, капакот е веќе изработен од композит на органски влакна – полесна алтернатива на карбонски влакна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП