26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе помала е веројатноста за трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Се помала е веројатноста за трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Велика Британија и Европската унија уште еднаш се судрија околу трговскиот договор со кој треба да се решат прашањата меѓу Брисел и Лондон по Брегзит, пренесува „Reuters“.

Според главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, договорот тешко дека ќе се реализира, бидејќи, како што рече, Велика Британија одбива да се повлече од некои клучни прашања поврзани со идните трговски односи.

Британските претставници, од друга страна, изразија надеж дека договорот сè уште може да биде склучен до крајот на септември. Според главниот преговарач на Велика Британија, Дејвид Фрост, главниот проблем е што ЕУ одбива да ја третира Велика Британија како независна држава.

Според Мишел Барние, најпроблематичните аспекти на преговорите се поврзани со гаранциите за слободна конкуренција, правилата за доделување државна помош на деловните субјекти, како и квотите за риболов. Токму заради недостаток на напредок на овие точки, според него, постигнување договор е се помалку веројатно.

Од своја страна, Фрост истакна дека навистина има големи разлики во некои теми, но тој сепак е оптимист дека врз основа на сработеното во јули, сè уште постои шанса да се постигне компромис до крајот на септември.

Тој рече дека преговорите треба да продолжат со овој став.

Сепак, Барние остро не се согласи со тезата дека „Европа мора да ја плати сметката за политичкиот избор на Велика Британија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП