5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја во рецесија

Јужна Кореја во рецесија

Економијата на Јужна Кореја падна во рецесија во вториот квартал, забележувајќи најголем пад на бруто-домашниот производ (БДП) за повеќе од две децении, како резултат на мерките за социјално дистанцирање поради коронавирусот кои го укочија производството и извозот.

Според сезонски прилагодени податоци, четвртата по големина азиска економија паднала за 3,3 проценти во кварталот април-јуни во однос на претходните три месеци, објави денеска Централната банка на Кореја, пренесува Reuters, додавајќи дека ова е најостар пад од првиот квартал на 1998 година.

На меѓугодишно ниво, БДП на Јужна Кореја потона за 2,9 проценти.

Извозот, кој сочинува скоро 40 проценти од економијата, падна за 16,6 проценти на квартално ниво, најмногу од 1963 година, а секторите производство и услуги забележаа намалување од 9,0 и 1,1 процент, ретроспективно.

Една светла точка претставува растот на личната потрошувачка од 1,4 проценти во овој период, благодарение на еднократната исплата на државната финансиска помош на граѓаните, што се одрази на зголемувањето на трошењето за ресторански услуги, на купување облека и на потрошувачка на слободни активности.

Владата досега издвои средства за поддршка на економијата и граѓаните во износ од 231 милијарди долари.

Корејската централна банка минатата недела објави дека е неизбежна ревизија на нејзината проекција за економски пад од 0,2 проценти за 2020 година, а Меѓународниот монетарен фонд предвидува пад на БДП на Јужна Кореја од 2,1 процент за тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП