25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Европа заразени со коронавирус повеќе од три милиони луѓе, над 200.000...

Во Европа заразени со коронавирус повеќе од три милиони луѓе, над 200.000 умрени

Повеќе од три милиони луѓе се заразени со коронавирус во Европа, а повеќе од 50 проценти од нив се во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија, покажуваат податоците на агенцијата France Presse, кои ги собрала од официјални извори.

Во Европа, до четврток наутро во осум часот по GMT, се регистрирани 3.002.861 заразени лица, а во светот 15.237.784.

По бројот на умрени, европскиот континент најтешко го погоди пандемијата со 206.633 жртви, од 626.994 колку што починаа во светот.

Русија е европска земја со најголем број заразени – 795.038 (12.892 умрени), по што следи Велика Британија со 296.377 (45.501), Шпанија со 267.551 (28.426) и Италија со 245.032 (35.082).

Податоците за бројот на заразени лица не даваат вистинска слика за обемот на пандемијата затоа што некои земји ги тестираат само сериозно болните, а некои немаат доволно ресурси за пошироки кампањи за тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП