2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Bank of America заголемен за 70 проценти

Профитот на Bank of America заголемен за 70 проценти

bank-of-america-logo

Нето добивката на „Bank of America“ (BoA) забележа раст во второто тромесечие за 70.2 проценти поради зголемениот обем на тргување и подобриот квалитет на кредитното портфолио.

Како што наведуваат од банката, нетот добивката во тој периот порасна на 3.6 милијарди долари благодарејќи на приходите од 22.7 милијарди долари што е значително повеќе во однос на профитот од  2.1 милијарда долари и приходот од 22 милијарди долари во истиот период од минатата година.

Со тоа и заработката по акција порасна на 32 центи во однос на очекувањата на аналитичарите од 25 центи.

Најголем раст на приходите е остварен во секторот за управување на глобалните активи и инвестиции, односно раст од 38 проценти од 758 милиони долари. Втората важна област која допринесе за растот на профитот се глобалните пазари каде е забележан раст во продажбата на акции, како и поголемите приходи од тргувањата со што е остварен профит од 959 милиони долари.

Квалитетното кредитно портфолио продолжи да се подобрува, а со тоа и бројот на ризични кредити е намален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП