Договорот на ЕУ за формирање кризен фонд вреден 750 милијарди евра за закрепнување од последиците од пандемијата од коронавирус можеше да биде и подобар, изјави денеска претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

Според договорот постигнат вчера по четири дена преговори, Европската комисија ќе издвои 390 милијарди евра во грантови и 360 милијарди евра во кредити за членови врз основа на критериуми, вклучително и стапката на невработеност во последните години и штетата предизвикана од пандемијата.
Лагард посочува дека би сакала повеќе средства да бидат во грантови, а не во кредити како што првично беше предложено од Европската комисија, што е изменето за да се удоволи на „штедливите“ членки, како Холандија.
„Така би било подобро, но и вака тоа е многу амбициозен проект“, истакна Лагард.