24 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВажноста на ревизорите и сметководителите за развојот на една компанија!

Важноста на ревизорите и сметководителите за развојот на една компанија!

Тивки и вредни, луѓето кои работат сметководство и ревизија, можеби не толку популарни, но сепак се една од најважните алки во секоја компанија. Работат со бројки и податоци, прават различни анализи и пресметки, споредби и компарации со цел да креираат прецизни финансиски извештаи и да им помогнат на извршните менаџери да донесат одлуки поврзани со работата и развојот на компанијата.

Сметководството е старо илјадници години, се развивало со развојот на компаниите, а согласно потребите и барањата на бизнисите.  Несомнено денес развојот на една компанија е незамислив без да се има добар сметководител, екперт за финансии, надворешен ревизор и професионален внатрешен ревизор (во поголемите компании и банки), кои што се воедно и најдобрите  советници на теми поврзани со даноците и финансиите. Тие обезбедуваат информации потребни за носење одговорни менаџерски и оперативни одлуки, како и информации за постојните и потенцијалните акционери и други сопственици на капитал, банки, финансиски аналитичари и економисти, како и за надлежните државни органи.

Сметководителите се грижат да се работи согласно сметководствените и даночните прописи, додека ревизорите го проверуваат нивното работење, така што тие се т.н. „јазик на бизнисот” оние од чии информации зависи секоја деловна одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар