20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари би имал најбогатиот човек во светот ако не се разведеше?

Колку пари би имал најбогатиот човек во светот ако не се разведеше?

Основачот на Amazon, Џеф Безос е убедливо најбогатиот човек на светот кој според сегашните податоци има богатство тешко 184 милијарди долари.

Тој број постојано се разликува, а на почетокот на неделава беше дури 189 милијарди, откако Безос постави нов рекорд кога во понеделникот за еден ден заработи 13 милијарди долари, среде растот на акциите на Amazon.

На второ место е Бил Гејтс со 119 милијарди долари.

Интересен е фактот дека Безос се разведе минатата година, кога на својата сопруга Мекензи Безос мораше да и препише голем број на акции.

Безос пред разводот поседувал 16 проценти од акциите на Amazon, но на Мекензи и препишал четири проценти, а на него му останаа 12 проценти.

Во тоа време, вредноста на акциите кога ги предаде на поранешната сопруга беше околу 38 милијарди  долари, додека остатокот на Безос во тоа време вредеше 115 милијарди долари.

Во меѓувреме, дојде до зголемување на вредноста на акциите и растот на богатството на Безос, но и богатството на Мекензи.

Нејзиниот удел сега вреди 61 милијарди долари.

Ако не се разведеше, Безос сега ќе имаше неверојатни 245 милијарди долари, а според вредноста на акциите од понеделник, тоа би изнесувало и над 250 милијарди.

Инаку, се очекува понатамошен раст на вредноста на Amazon бидејќи навиките на клиентите се менуваат и се свртуваат кон онлајн купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП