9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото близу двегодишен максимум во однос на доларот

Еврото близу двегодишен максимум во однос на доларот

Еврото вчера зајакна на највисоко ниво за скоро две години во однос на доларот, управувано од расположението на инвеститорите за ризикот кој доминира на пазарите откако лидерите на Европската унија постигнаа договор за план за фискален поттик за економско закрепнување.

Трговците со валути во голема мера ги игнорираа американско-кинеските тензии, иако апетитот за ризик на валутните пазари час- два беше намален откако кинеското Министерство за надворешни работи објави дека САД на 21 јули наложиле Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон, пренесува Reuters.

Овој потег означи натамошно влошување на односите помеѓу САД и Кина, кои станаа сè попроблематични од избувнувањето на епидемијата од COVID-19, соопшти британската агенција, додавајќи дека на девизните пазари оптимизмот сè уште е распространет поради договорот на ЕУ за закрепнување вреден 750 милијарди евра.

Во утринското тргување, еврото порасна во однос на американската валута за 0,5 проценти, на 1,1580 долари, откако претходно забележа скок на 1,1601 долари – највисоко ниво за повеќе од една и пол година.

По веста за новото затегнување на американско-кинеските односи, која беше ударна во насловите на медиумите, индексот на доларот го продолжи падот во однос на кошот на главните ривали, паѓајќи за 0,2 проценти, на 94.939 поени. Во еден момент, двата индекс потонаа на 94.827 поени, што е најниско ниво од октомври 2018 година.

Што се однесува до другите валути, британската фунта падна во однос на доларот и еврото, под влијание на извештајот на Financial Times дека британската влада повеќе не се надева дека ќе склучи договор за слободна трговија со Соединетите држави до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП