19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Жените економски поизложени на последиците од коронавирус

ММФ: Жените економски поизложени на последиците од коронавирус

Пандемијата од коронавирус може да го загрози напредокот на жените постигнат во последните три децении во намалувањето на економскиот јаз со мажите, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Економскиот шок предизвикан од здравствената криза ги погодува жените повеќе од мажите, бидејќи тие се повеќе застапени во тешко погодените сектори на услуги, малопродажба, туризам и угостителство.

„Во САД, помеѓу април и јуни, невработеноста на жените била за два процентни поени повисока отколку кај мажите“, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, во текст потпишан од уште тројца официјални претставници на ММФ.

Поради природата на работата, работата од дома не е опција за многу жени. Податоците покажуваат дека таков е случајот со 54 проценти ​​од жените во САД и 67 проценти во Бразил. Покрај тоа, жените работат повеќе неплатени домашни работи од мажите, околу 2,7 часа на ден, покажуваат проценките на ММФ.

„Жените ги презедоа повеќето одговорности на семејството поради мерките за изолација, како што се затворање на училиштата“, истакнуваат од ММФ.

По укинувањето на рестриктивните мерки, на жените им треба повеќе време да добијат работа, велат официјалните претставници на ММФ, а девојките во многу земји во развој мораа да го напуштат училиштето и да започнат со работа за да ги пополнат домашните буџети.

Но, „добро осмислената политика за поттикнување на закрепнувањето би можела да ги ублажи негативните последици од кризата врз жените“, наведуваат авторите, истакнувајќи ги добрите иницијативи во Австрија, Италија, Португалија и Словенија, каде се воведени права за делумно отсуство за родители со деца под одредена возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП