2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија ги продолжува контролите

ЕВН Македонија ги продолжува контролите

evn

ЕВН Македонија во втората недела од месец јули на 27 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични пријави за корисниците.

ЕВН соопшти дека засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број кражби на електрична енергија споредено со првите седум дена од јули.

Штетата која ја направиле во системот изнесува 3,6 милони денари, односно крадците потрошиле 560 000 Кwh електрична енергија.

Директно приклучени во мрежата биле 11 корисници, тројца од фатените корисници го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот што, исто така, е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ќе ги продолжуат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи.

Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.с

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП