Доколку биткоинот беше банка, таа ќе беше осма по големина во светот, според податоците на „Buy Shares “.
Пазарната капитализација на биткоинот е 169,01 милијарди долари – над двапати помалку од онаа на „ЈP Morgan Chase“, која е најголемата банка во светот со вредност од 433,5 милијарди долари.
На второ место е „Bank of America“ со пазарна вредност од 306 милијарди долари. „ICBC“ се најде на третото место со капитализација од 290,9 милијарди американски долари, а по неа следува „China Construction Bank“ со 218,4 милијарди долари.
Петтото место и припадна на банката „Wells Fargo“, по што следуваат „Agricultural Bank of China“ и „Citigroup“.
Биткоинот е пред банкарските гиганти како „HSBC“, „Bank of China“, „China Merchants Banks“, „Royal Bank of Canada“, „The Commonwealth Bank of Australia“, „Morgan Stanley“ и други.
Враќањето на биткоинот останува позитивно со оглед на економската криза.
Во споредба со акциите на големите банки, Биткоинот има значително поголем поврат на инвестициите на годишна основа. Тој достигна 27,18%, а потоа следува „China Construction Bank Corporation“ со 2,52%, додека „Industrial and Commercial Bank of China“ има поврат од -19,5%.
Лидерот „JPMorgan Chase“ има поврат на инвестициите од -29,58%, а „Bank of America“ од -34,07%. Најлош поврат за овој период има „Wells Fargo“ од -53,62%.
Во првиот и вториот квартал од оваа година, пандемијата ја уништи глобалната економија и доведе до колапс на цените на акциите. Сепак, биткоинот не е особено засегнат од трендовите, тој генерално останува стабилен и го нормализира нивото на ликвидност.