19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарселона ќе запленува празни станови за изнајмување

Барселона ќе запленува празни станови за изнајмување

Здружение од 14 компании во Барселона во рок од еден месец мора да ги пронајде станарите, затоа што во случај на заплена на нивните станови, би добиле само половина од нивната пазарна вредност, пишува Bloomberg.

Состојбата на пазарот за изнајмување недвижнини во Барселона дополнително се влошува, бидејќи градските власти се решија на доста радикални потези, за кои постојат и правни основи.

Тоа, меѓу другото, подразбирa заплена на празни станови од приватни инвеститори.

Според Bloomberg, пред неколку дена, градските власти испратиле писмо до 14 компании кои заедно поседуваат 194 празни станови во најголемиот град во Каталонија.

Компаниите биле предупредувани дека нивните станови ќе бидат конфискувани аko не ги најдат станарите во рок од еден месец и ќе им ги изнајмат становите по пазарна вредност.

Во што е проблемот?

По финансиската и економската криза од 2008 година и распадот на шпанскиот пазар на недвижности, некои приватни инвеститори претпочитаа да ги задржат своите станови неискористени и со тоа да чекаат закрепнување на пазарот.

Запленувањето на приватни станови е законски можно во Каталонија од 2016 година, бидејќи локалните власти можат да ги преземат празните станови повеќе од две години.

За да се ублажи тешката состојба, градската администрација под водство на градоначалникот Аде Колау, членка на Поддемос, минатата година започна да наплаќа казни на сопствениците на празни станови.

Запленувањето би било чекор подалеку и тогаш на сопствениците ќе им биде исплатена оштета половина од пазарната вредност на станот, а шпанските медиуми наведуваат дека им се заканува и казна од 90.000 до 900.000 евра.

Запленетите станови би влегле во фондот за јавно домување, а градот ќе ги изнајмува на граѓани на кои им недостасуваат пари.

Таквите станови можат да бидат изнајмени од локалните власти помеѓу четири и десет години, а потоа да се вратат на сопствениците.

Меѓутоа, каталонските градови ја искористија оваа правна можност досега во само неколку случаи.

Недостатокот на станбен простор во Барселона, на што придонесе и изнајмувањето на станови на туристите преку Airbnb, резултираше во остар скок на цените на кирии.

Сепак, градските лидери наведуваат дека нивната задача не е заплена, туку да ги мотивираат сопствениците да изнајмат недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП