2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанственици од источна Македонија се запознаа со царинските олеснувања

Стопанственици од источна Македонија се запознаа со царинските олеснувања

carinska-uprava

Царинската управа на Република Македонија во соработка со АМЕРИТ – СИЗ Македонија Сообраќај од денеска низ поголемите градови на Република Македонија организира работилници на теми поврзани со олеснувања во спроведувањето на
царинските постапки, активностите за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање на електронски пред-декларации.

Директорот на македонската Царина Ванчо Каргов пред бизнис секторот од источна Македонија ги презентираше царинските олеснувања, меѓукои и пондерираната ефективна царинска стапка која изнесува само 1,3 проецни и е најмала во Европа.

Тој вели дека причината е во тоа што голем дел од царинските стапки се намалени, како политика на Владата, а исто така и поради усогласувањата со барањата за пристапување кон ЕУ.

Каргов забележа дека во почетокот на годината 128 царински стапки се намалени или елиминирани, а последните пет години вкупните приходи во буџетот од царината се намалени за 40 проценти.

– Ние ќе презентираме и повеќе електронски решенија за електронско работење, каде што се забрузува, поевтинува комуникацијата и се избегнува непотребно директниот контакт или евентуално злоупотреба на дискрециското право.

Значи она што е карактеристично за Штип е лон производството. Ние веќе имаме и тоа повеќе од шест месеци ефективна апликација за електронско аплицирање за добивање на одобренија за ткн. увоз за лон производство и за електронско разложување на увозот со извозот, што значи тоа ќе оди многу брзо и тоа е во функција, меѓутоа не доволно колку што ние би сакале, вели Каргов.

Тој најави дека македонската Царина во соработка со ЕУ и земјите членка на ЦЕФТА работи на усогласување на билатералните договори за слободна трговија за безцарински извоз под Конвенцијата за Паневропска-медитеранска дијагонална акумулација на потеклото.

– Со овозможување на договори за слободна трговија на земјите членки на ЦЕФТА и Турција и пристапувањето на овој европски договор ќе можеме да склучуваме билатерални договори за слободна трговија и дијагонална акумулација на потеклото на стоките и неплаќање на царини со земјите од Медитеранот, вели Каргов.

Тој забележа дека синоќа на граничниот премин Блаце откриени се нелегални 50.000 швајцарски франци, а најави дека истрагата за овој случај ќе биде детална. На првата работилница беа присутни 60-тина компании од Штип, Делчево, Кочани, Велес и Радовиш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП