19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanAir планира затворање на германските бази откако пилотите одбиле намалување на платите

RyanAir планира затворање на германските бази откако пилотите одбиле намалување на платите

Авиокомпанијата RyanAir соопшти дека ќе ја затвори својата база на аеродромот во Франкфурт, а дека базите во Берлин и Дизелдорф најверојатно ќе се затворат до крајот на летото, откако нејзините германски пилоти одбиле да се согласат за намалување на платите поради кризата предизвикана од коронавирусот, пренесува Reuters.

Повеќето германски пилоти гласаа против предложениот договор за штедење, за кој RyanAir изјави дека е неопходен поради кризата предизвикана од пандемијата, и за сега не е познато колку работни места ќе бидат елиминирани со гасењето на овие бази.

„Мораме да продолжиме со спроведување алтернативни мерки со цел да заштедиме, а тие мерки, за жал, подразбираат затворање на бази и откази“, се вели во пораката која ја испратил RyanAir до своите германски пилоти.

Авиокомпанијата соопшти дека 70 проценти од нејзините пилоти низ цела Европа веќе го прифатиле договорот, а во Ирска, раководството го заобиколил синдикатот и индивидуално ги убедил пилотите да ги прифатат новите услови.

Потсетуваме, пилотите и стујардесите во Велика Британија неодамна се согласија на намалување на платата за 20 проценти со цел да се спасат околу три илјади работни места.

Синдикатот на пилотите во Balpa соопшти дека RyanAir се согласил дека платите ќе се вратат во нормала во наредните четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП