28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска: Креиравме економски политики за земјите од Г20 кои се глобално применливи

Арсовска: Креиравме економски политики за земјите од Г20 кои се глобално применливи

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, како меѓународен експерт дел e од интернационалната советодавна група за подготовка на економските политики и препораки за лидерите на Владите на Г20, земјите кои се најсилни економии во светот. 

Меѓународната советодавна група од почетокот на годината работи на подготовка на економските политики и препораки, а денес на Е- конференцијата  истите ги  финализираше. Нејзини членови се и Томас Донохју, претседател и извршен директор на Американската стопанска комора и Еверет Ајсенштат потпретседател на Генерал Моторс од САД. 

Финалниот документ содржи четири клучни препораки за зајакнување на довербата во глобалниот систем за трговија и инвестиции. Покрај Арсовска членови на меѓународната експертска група која го креираше овој финален сет на мерки за економски политики се и лидерите на деловните заедници на САД, Кина, Германија и на Франција. 

Со цел ублажување на последиците од пандемијата и враќање во колосек кон глобален економски просперитет, согласно прецизно востановен стратешки план ќе се имплеметира мултирателарен систем за олеснување на трговијата и на инвестициите за развој.  Второ ќе се посвети особено внимание на воспоставување на контролиран раст на е-трговијата преку посебни договори со особено внимание за потребите на микро, малите и средните компании, односно за претприемачите. Трето, олеснување на пристапот до финансирање на трговијата и поддршка на извозот на услуги во секторите поврзани со туризмот кои се најзагрозени во моментов, поттикнување на иновации и развој на дигитални технологии. Четвртата препорака се однесува на промоција на одржлива трговија и инвестиции со акцент на имплементација на нови технологии, преку трговски политики компатибилни со правилата на Светската трговска организација, а со цел да се постигне транзиција кон одржлив економски развој. Потенцираме и дека препораките не се насочени само кон владите на земјите од Г20, туку и глабално, бидејќи нивната имплементација може да даде поефикасна поддршка на приватниот сектор за време на криза, заштита на економијата и подготовка за идните предизвици“, изјави Арсовска.

Таа истакна дека е неопходна соработка на приватниот и јавниот сектор за да се создаде деловен амбиент кој поттикнува зголемување на интегритетот и довербата во институциите, делувајќи во насока на постигнување економскиот просперитет.

Претседавачот на советодавната група за изготвување на Предлог политиките за трговија и инвестиции за Г20, Лубна Олајан истакна дека ова е можност да се промовираат и да се поттикнат препораки за политиките кои промовираат глобална посветеност кон мултилатерализам и либерализација на трговијата, како клучни столбови за промовирање на фер и отворена меѓународна трговија и инвестиции.

Една од главните цели на советодавната група за трговија и инвестиции оваа година е да обезбеди препораки за Г20 за имплементација на политики што ќе ги поттикнат земјите членки на оваа група да понудат поголема поддршка и помош за сите компании, но особено на малите и средни претпријатија, најпогодени погодени од актуелната криза. Ова тело треба да се осврне на здравствена и економската координација, трговија, вработување и туризам, како врвни приоритет најпогодени од ковид 19. Меѓународната трговија и глобалните синџири на снабдување може да бидат дел од решението за оваа криза, доколку тие се користат правилно. Г20 мора да спроведе акција преку соработка за правилно решавање на оваа светска пандемија. Соработката е клучна за усогласување на различните страни и единствениот начин да се затвори финансискиот јаз со цел  да се постигнат Целите за одржлив развој  на Обединетите нации“, потенција Олајан и додаде дека трговијата и инвестициите се темелите за глобалниот просперитет.

Во 2015 година, Арсовска учествуваше на Самитот на Г20  во Анталија, Турција.  Од оваа година таа е член на меѓународната група експерти за трговија за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот Самит на лидери на Влади на Г20, чија главна задача е да обезбедат препораки за унапредување на економската активност, која има клучна улога во постигнувањето на силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП