13 ноември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street порасна, на азиските пазари внимателно тргување

Wall Street порасна, на азиските пазари внимателно тргување

На Wall Street во вторникот пораснаа индексите на S&P 500 и Dow Jones, а инвеститорите се префрлија на сектори кои се чувствителни на движења во економијата, бидејќи се очекува новите мерки да го поддржат излезот на американската економија од рецесија.

Индексот Dow Jones зајакна 159 поени или 0,60 проценти, на 26.840 поени, додека S&P 500 порасна за 0,17 проценти, на 3.257 поени. Индексот Nasdaq, ослабна за 0,81 проценти на 10.680 поени.

Од 11-те најважни сектори на S&P 500 индексот, во седум од нив цените на акциите вчера се зголемија, а најмногу, 6,2 проценти, во енергетскиот сектор, благодарение на растот на цената на нафтата.

Силно пораснаа и цените на акциите во финансискиот и индустрискиот сектор.

Од друга страна, паднаа цените во технолошкиот сектор, па Nasdaq индексот се лизна од рекордното високо ниво.

На азиските берзи денес тргуваа претпазливо, по силниот раст на цените на акциите претходниот ден, бидејќи инвеститорите се загрижени за немилосрдното ширење на коронавирусот ширум светот.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше околу 7,00 часот скоро непроменет во однос на вчера, кога скокна скоро 2 проценти.

На берзата во Токио, Nikkei индексот ослабе 0,5 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја и Австралија паднаа помеѓу 0,2 и 1,4 проценти. Во Хонг Конг и Шангај, од друга страна, пораснаа помеѓу 0,1 и 1,2 проценти.

Вчера цените на акциите на азиските берзи нагло се зголемија, затоа што лидерите на Европската унија постигнаа договор за пакетот економска помош во износ од 750 милијарди евра, како и договор за седумгодишен буџет во износ од 1,074 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП