24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ12 грешки кои ги правите кога ставате крема за сончање

12 грешки кои ги правите кога ставате крема за сончање

Досега сигурно знаете дека кремата за сончање би требало да ја користите секојдневно за да го намалите ризикот од рак на кожата и појавата на бори, темни дамки и други знаци за предвремено стареење. Но, дури и оние лица кои многу внимаваат при ставањето крема, прават некои опасни грешки.

1. Кремата ја ставате дури откако ќе излезете надвор

Многу луѓе дури откако ќе излезат надвор или на плажа ставаат крема за сончање. Кремата треба да ја нанесете барем 30 минути пред да излезете на сонце. Така кожата ќе ја впие и ќе бидете сигурни од ултравиолетовите зраци во првите неколку минути на изложеност, кога ваша кожа е најранлива.

2. Кремата ја нанесувате околу облеката

Ракот на кожа може да се појави каде било, па најдобро е кремата да ја нанесете кога сте голи. Соблечете се пред огледалото каде може да си го видите целото тело и премачкајте се пред него со цел да не испуштите ниту една точка.

3. Не ги заштитувате усните

Исто како и останатиот дел од кожата, така и усните се чувствителни на ултравиолетовото зрачење и затоа е важно да ги заштитите и нив. Но, не ја користете истата крема како за остатокот од телото. Прво затоа што има лош вкус и затоа што нема долго да се заджи на устата. Користете балсам за усни со заштитен фактор и нанесувајте го секогаш кога ќе почувствувате дека устата ви се суши, почесто од кремата за сончање.

7162_shutterstock_51896383-suncanje_630x0

4. Пропуштате некои клучни точки

Луѓето најчесто забораваат да ги заштитат прстите на нозете, табаните, пазувите и задниот дел на вратот, ушите, капаците на очите и горниот внатрешен дел на рацете. Не заборавајте да ги покриете и овие области.

5. При потење и бришење кремата се отстранува

Многу мал број креми за сончање се водоотпорни. Летно време повеќе се потите и често по ставањето крема влегуваме во вода. Најдете водоотпорна крема која нема да ви се измие при првиот допир со вода.

6. Користите иста крема за тело и за лице

Постои разлика меѓу кремите за сончање за лице и оние за тело – тоа не е само маркетинг измислица. Кремите за лице се поблаги, не предизвикуваат иритација и не создаваат акни. Не ја користете истата крема и на телото и на лицето, туку набавете соодветна крема за осетливата кожа на лицето.

17953_suncanje-shutterstock_25282354_630x0

7. Кремата ја користите само кога е сончево

Можеби ви звучи смешно кога ќе слушнете дека треба да ставите крема за сончање кога е облачно, но ултравиолетовото зрачење може да допре до вас дури и кога не го гледате сонцето. Осумдесет проценти од ултравиолетовото зрачење продира и низ облаците, па не смеете да бидете незаштитени во тие денови.

8. Не користите доволно крема

Не ја штедете кремата, бидејќи ултравиолетовите зраци нема да ве штедат вас. Размачкајте ја добро, дури и ако на производот пишува дека треба само нежно да ја нанесете.

9. Мислите дека сте сигурни дома

Сигурни сте само ако во куќата или автомобилот немате прозорци. Затемнетите стакла ги блокираат сончевите зраци, но не и ултравиолетовото зрачење. Затоа, кремата треба да ја користите секојдневно.

64484_krema-foto-shutterstock_630x0

10. Користите крема со низок заштитен фактор

Да, самопотемнувачките масла со заштитен фактор 8 спаѓаат во кремите за сончање, но тие не овозможуваат доволна заштита. Фонадацијата за заштита од рак на кожата препорачува минимум фактор 15. Но, дали треба да користите повисок? Тоа би било фрлање пари. Кремите со заштитен фактор 30 блокораат само 97 проценти од сончевите зраци, додека оние со заштитен фактор 50 блокираат само 1 процент повеќе.

11. Не ја нанесувате доволно често

Не е доволно само еднаш во текот на денот да ставате крема за сончање. Многу е важно да ја ставате често. Ако сте надвор, ставајте ја на секои 80 минути, дури и ако е водоотпорна.

12. Не ја нанесувате ако сте под сенка

Ако сте на плажа под чадор, не сте заштитени. Песокот и водата ги рефлектираат штетните зраци, а дури 34 проценти од ултравиолетовите зраци продираат и низ чадорот. Затоа треба да се заштитите дури и ако сте под сенка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП