2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМногу не знаат колку оваа билка е лековита!

Многу не знаат колку оваа билка е лековита!

Содржи 240 хранливи и лековити својства, а нејзините придобивки се познати со векови.

Алое верата наликува на кактус, висина околу 60 сантиметри, со дебели, месести лисја, а поради своите неверојатни лековити својства, позната е како кралица на лековитите растенија.

Расте природно во области со топла и влажна клима. Во светот се познати над 250 видови на ова растение, а четири од нив имаат лековити својства. Богата е со минерали и витамини како А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц и Е, фолна киселина, магнезиум, цинк, манган, калиум и железо.

Одамна се користи кај заболувања на кожата и заздравување на рани, за надворешна употреба, а орално како лаксатив. Денес се користи како народен лек за разни болести и здравствени проблеми.

Има антиинфламаторно, антибактериско, антивирусно и лаксативно дејство.

Неутрализира покачена киселина во стомакот, ја нормализира pH столицата, ја подобрува работата на црниот дроб, го зајакнува срцевиот мускул, ги ублажува симптомите на астма и алергии.

Ја намалува болката и чешањето по каснувањата од инсекти, помага при осип на кожа, акни, темни дамки на кожата, изгореници од сончање, ги ублажува старосните пеги на рацете, ја подмладува кожата и го забрзува растот на косата. Исто така, го зајакнува имунитетот, ги уништува вирусите, бактериите, габите и паразитите и помага во детоксикација на организмот.

Отстранува токсини од телото, го ублажува варењето, чиреви, инфекции на уринарниот тракт, ревматизам и артритис. Се користи во форма на сок, чај или во форма на разни креми за локална примена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП