27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром за шефот прави таблет вреден 4 милиони долари

Газпром за шефот прави таблет вреден 4 милиони долари

tablet

Рускиот енергетски гигант Гаспром објави тендер во вредност од околку 4 милиони долари за да се создаде навистина посебен таблет. Всушност, ова е уред кој ќе го користи шефот на компанијата Алексеј Милер.

Според условите на тендерот, таблетот треба да работи врз основа на „Apple iOS“ и треба да функционира како мобилна канцеларија во движење, која ќе му овозможи Милер пристап до корпоративните податоци, системи и сите потребни информации за управувањето и донесувањето одлуки, што значи да има пристап до податоците кои ја носат ознаката трговски тајни.

На мобилниот уред, исто така, мора да биде способен да работи седум дена во неделата, 24 часа на ден.

Гаспром објави дека заинтересираните можат целиот развоен систем да го завршат во рамките на 206 дена, со дополнителни 25 дена за тестирање. Понудувачите можат да се пријават за учество на конкурсот до 22 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП