27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали недостигот на дрвени палети ја блокира трговијата меѓу Велика Британија и...

Дали недостигот на дрвени палети ја блокира трговијата меѓу Велика Британија и ЕУ?

Тие не играа гламурозна, туку суштинска улога во бизнисот скоро еден век. Сега недостигот на дрвени палети се заканува да ја наруши прекуграничната трговија со ЕУ по Брегзит.

Од јануари, дрвените палети на кои се транспортираат стоки меѓу Велика Британија и ЕУ ќе треба да го исполнат меѓународниот стандард за фитосанитарни мерки „ISPM-15“, според кој мора да бидат сите необработени дрвени и материјали за пакување од дрво (WPM) за извоз.

Во процесот на термичка обработка, „WPM“ мора да се загрева се додека нејзината внатрешна температура не достигне 56 степени целзиусови или повеќе од 30 минути, а тоа се смета за најефикасен и еколошки начин за уништување на штетниците во дрвото, информира „Bloomberg“.

Во писмото до Министерството за животна средина и храна во Велика Британија, шефот на британската конфедерација на производители на материјали за пакување од дрва и палети предупреди дека земјата нема да има доволно палети што ги исполнуваат стандардите, а коронавирусот ги спречи во напорите за намалување на недостатокот.

„Помалку е веројатно дека рокот од 1-ви јануари 2021-ва година ќе биде исполнет“, рече Џон Дај, претседател на конфедерацијата. „Нашата прагматична индустрија постигна значителен напредок, но останува уште долг пат“, додава тој.

Недостатокот на палети го зголемува списокот на пречки со кои ќе се соочат прекуграничните трговски компании откако Велика Британија конечно ќе ја напушти ЕУ на крајот на годината.

Компаниите веќе се борат да пополнат даночни пријави за првпат по три децении, додека нивните камиони веројатно ќе бидат внесени во владиниот ИТ-систем кој сè уште не е испитан.

Според Дај, секоја година поминуваат околу 100 милиони палети меѓу Велика Британија и ЕУ. До сега, тие не требаше да се придржуваат кон стандардот „ISPM-15“, затоа што движењето меѓу земјите членки на ЕУ не го бара тоа. Сепак, ова ќе заврши со крајот на периодот на транзиција на Брегзит на 31-ви декември.

Производителите на палети во Велика Британија и во ЕУ се обидуваат да го зголемат производството, но нивните напори се погодени од пандемијата, рече Дај. Пуштањето во употреба на нови палети за термичка обработка на палетите беше значително одложено поради вирусот.

Барањата за палети со „ISPM-15“,  ќе се применуваат за стоките што се движат во двете насоки.

Дај рече дека се надева оти ЕУ нема да ги примени правилата толку строго затоа што Унијата исто така има недостиг на квалификувани палети. Сепак, тој им порача на клиентите дека не можат да бидат сигурни дека ЕУ нема да ги примени правилата толку строго против Велика Британија.

„Тие можат да бидат запрени“, вели тој за палетите. „Прилично е вознемирувачко кога политичарите си играат со бизнисот на луѓето“, додава Дај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП