24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на барел нафта највисока од четврти март

Цената на барел нафта највисока од четврти март

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари на највисоко ниво од март, поддржани од позитивните вести за клиничкото испитување на вакцина против COVID-19 и договорот на лидерите на ЕУ околу фондот за опоравување на економиите од коронакризата.

Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 1,17 долари или 2,7 проценти во однос на претходното затворање, на 44,45 долари и е на пат кон својот најголем дневен раст од средината на јуни.

На американскиот пазар, барелот се тргува по 19 центи или за 2,6 проценти повисока цена, која изнесува 41 долар.

Растот на цените на нафтата го поттикна договорот од страна на водачите на Европската Унија за фонд вреден 750 милијарди евра за поддршка на економијата на земјите членки погодени од коронакризата, а очекуваното економско закрепнување ги зголемува изгледите за зајакнување на побарувачката на гориво.

Берзите и курсот на еврото, исто така, ги достигнаа своите највисоки нивоа од март.

Тој договор и дозволува на Европската комисија да се задолжи на пазарот на капитал во име на сите 27 членки, што е досега невиден чин на солидарност во скоро седум децении на европска интеграција.

Цените на нафтата се поддржани и со ветувачки податоци за вакцини против вируси кои вчера беа објавени, што ја зголеми надежта дека вакцината би можела да се најде уште оваа година.

Засебно, oрганизацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на својата веб-страница објави дека цената на барел од референтната корпа на нафта на нејзините членки во понеделникот изнесувала 43,03 долари, што значи дека била 19 центи пониска во однос на претходниот ден на тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП