29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата електрична лимузина на „Mercedes“ ќе има автономија од 700 km!

Новата електрична лимузина на „Mercedes“ ќе има автономија од 700 km!

„Mercedes“ забрзано работи на сериската верзија на електричниот концепт „Vision EQS“.

Германскиот производител по електричниот „SUV“ модел „EQC“ претстави уште еден модел на електрична енергија – луксузната лимузина „EQS“.

Овој автомобил, кој многумина го нарекуваат електричен „Mercedes S-Сlasѕ“, дебитираше во 2019-та година во вид на елегантен концепт наречен „Vision EQS“.

Кога концептот беше претставен на минатогодишниот авто-саем во Франкфурт, германскиот производител се пофали дека автомобилот може да мине и преку 700 km со полна батерија.

Директорот на „Daimler“, Oла Калениус, потврди дека на неодамна одржаниот состанок со акционерите на оваа комапнија, е потврдено дека и серискиот „EQS“ исто така ќе има автономија од 700 km.

Според неговите зборови, ваквиот резултат ќе биде остварен благодарејќи на батериите кои „Daimler“ ги произведува во својата фабрика во Штутгарт.

Калениус, не ги откри мерните стандарди кои се користени за проценување на автономијата на возење, а потсетуваме дека неодамна беше соопштено дека „Tesla Model S Long Range Plus“ стана првиот сериски електричен автомобил во САД кој имал автономија преку 400 милји, поточно 402 милји, односно 647 km.

Овој резултат е добиен врз основа на стандардот на американската агенција „EPA“, додека според новиот „WLTP“ стандард кој се применува во Европа, „Model S“ кој моментално се продава на „Стариот континент“ има максимална автономија од 610 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП